strumica denes logo

Учениците од струмичката гимназија гостуваат во Радовиш со претставата „Трошки надеж“

Автор:

Датум:

мај 31, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

мај 31, 2018

Категории:

Култура

„Трошки надеж“ е театарска претстава во изведба на ученици од струмичката гимназија „Јане Сандански“. Сценариото го напиша ученичка од четврта година Викторија Панова, а во тоа и помогнаа и соученичките Моника Котева и Надица Трајкова под менторство и режија на професорката по Драмска уметност, Ѓургица Костадиновска. Претставата премиерно беше изведена на 28-ми април на големата сцена во Центарот за култура „Антон Панов“ – Струмица и имаше хуманитарен карактер, а собраните средства учесниците ги донираа на младиот Игор Геленчев. Публиката внимателно ја следеше приказната за Валерија, ученичката која се соочува со домашни и училишни проблеми откако доаѓа во нова срединa. Љубителите на театарот во Радовиш ќе имаат можност да ја погледнат претставата на 01.06.2018 (петок) со почеток од 19:00 часот.