По повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената, учениците од IV8 клас – образовен профил медицинска сестра и нивната професорка по практична настава, Емилија Котеска го посетија Здружението на пензионери во Струмица. Празникот беше одбележан со делење на симболични честитки и цвеќе на пензионерките, изработени од страна на учениците.
Во нивното обраќање до присутните, претседателката на здружението и професорката Котеска ја истакнаа значајноста на блиската соработка меѓу двете институции, со надеж за уште многу заеднички средби, а учениците го искористија времето од заедничкото дружење да дискутираaт со членовите на здружението за најразлични теми, меѓу кои и улогата на жената во денешното општество.