Во рамките на проектот финансиран од Детската Фондација Песталоци, учениците и наставниците од ООУ „Никола Вапцаров“ од Струмица, реализираа заеднички час со ученици од мешан етнички состав. Користејќи различни форми и методи на работа, преку претходно истражување спроведено од формираните групи на ученици, на заедничкиот час од наставниот предмет географија, беа реализирани предвидените програмски цели. Така, учениците изработија паноа со обележани географски региони, каде живее население со различна вероисповед, а на посебни необележани географски карти, ја одбележуваа местоположбата на населението со различна вероисповед. Заедничкото дружење и соработка на учениците допринесоа за успешно завршена активност. Општина Струмица, како партнер во овој проект, продолжува со поддршка на активностите од заеднички интерес. Проектот е имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје, во соработка со БРО-Скопје.