strumica denes logo

Ученици од ООУ „Маршал Тито“ учествуваа на работилница во организација на Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија

Автор:

Датум:

октомври 10, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

октомври 10, 2018

Категории:

Култура

Основното општинско училиште „Маршал Тито” од Струмица беше едно од 15-те основни училишта кои учествуваа на работилницата на тема „Детски парламент“, која што се одржа во организација на Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија.
На работилницата учествуваа 5 ученици од деветто одделение кои го изучуваат предметот Граѓанско образование и истите беа во придружба на наставничката м-р Трајанка Колева.
Станува збор за прва сесија на „Детскиот парламент“ во која што учествуваа вкупно 89 ученици и 15 наставници, а која се одржа во салата „Борис Трајковски“ во Собранието на Република Македонија, каде на учениците им се даде несекојдневна можност да влезат во „чевлите на пратениците”. Во рамките на работилницата, учениците го разгледаа Собранието преку организирана обиколка на најпрезентативните простории на самата зграда, се запознаа со дел од пратениците на Република Македонија, симулираа пратеници преку „Игра на улоги” и дебатираа на зададена тема изнесувајќи ги своите аргументи и гласајќи за или против понуденото законско решение, а ги искажаа своите детски права преку пораки во форма на креативна мисла, цртеж или стих. Сите учесници добија сертификати за учество во работилницата.
Парламентарниот институт на овој начин успеа да ја приближи работата на Собранието на Република Македонија до младата популација и да допринесе за развој на нивната свест за демократијата и човековите права.