Турците „одлепиле“ по Љупка Митрова: Сопствениците на хотелот и понудиле бесплатен одмор

јули 31, 2018


Сопствениците и менаџментот на еден познат турски хотел во Анталија „одлепиле“ кога сфатиле дека во нивниот хотел летува нашата позната блогерка Љупка Митрова.

Најпрво менаџментот на хотелот не знаел дека Митрова е позната блогерка од Македонија и дека е доста популарна на социјалните мрежи, но кога откриле за кого станува збор веднаш и понудиле да и направат фотосесија, а за возврат и понудиле да остане во хотелот уште колку ќе посака таа.

– Искрена да бидам без изненадена, ни на крај памет не ми падна дека може да се случи такво нешто. Ми пријде една девојка која ми се претстави дека е вработена во хотелот и ми понуди да ми направат фотосесија. Се двоумев на почетокот, но ја прифатив понудата – ни изјави Љупка.

Инаку станува збор за луксузен хотел со пет ѕвезди каде летуваат и многу познати турски ѕвезди.

https://www.instagram.com/p/BlXsqogFG7l/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: