ТРАЈЧЕ МАНЧЕВСКИ – УЧЕНИК ОД ООУ „НИКОЛА ВАПЦАРОВ“-СТРУМИЦА КОЈ ОСВОИ ПРВО МЕСТО НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ПО МАТЕМАТИКА!

мај 9, 2018

На ден 05.05.2018 година, на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, се одржа Државен натпревар по математика на кој зеде учество нашето училиште ООУ,,Никола Впцаров“, Струмица со наставничката по математика, Весна Пецева и ученикот Трајче Манчевски од VII-3 одделение.

По освоените 100 бода на општинскиот натпревар на 24.02.2018 г., прва награда и на регионално ниво на 31.03.2018 г. , ученикот Трајче Манчевски освои прва награда во областа на математиката и на ниво на целата република.

Ученикот Трајче Манчевски со својата скромност, добрина и забавен дух на свои 12 години стана гордост не само за своите соученици , туку и за своите наставници, општина, па и цела држава.

И годинава на сите натпревари на ниво на училиште, општина, државни и меѓународни нивоа ги зеде првите места и Трајче е пример за сите ученици дека вложениот труд со љубов е единствениот пат до врвен успех. Нека продолжи со своите успеси и иднината нека го отвара патот на желбите и можностите на вакви ученици како Трајче, зашто го заслужуваат тоа. Овие умови, таленти се гордост на училиштето ,,Никола Вапцаров“, на Општина Струмица и на цела Македонија.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ