Трајче Ѓоргиев со нов имиџ и сериозни музички планови!

септември 12, 2018

Трајче Ѓоргиев ги освои симпатиите на цел Балкан појавувајќи се на музичкото шоу „Ѕвездичките на Пинк“. На својот прв настап ја испеа познатата „Зошто отиде“ од нашата музичка легенда Тоше Проески, по што сосема беше сигурно дека го очекува светла иднина.

На својот Инстаграм профил, Трајче често споделува моменти од својот живот, а неодамна го видовме на настап на „Струмица опен фестивал“ со ѕвездата Тони Цетински.

Трајче веќе има 17 години, и претходно годинава ја најави својата прва песна, која ќе биде соработка со познатото композиторско дуо Цветковски.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ