Преку телефонски разговор на порталот Струмица Денес со одредени такси компании во Струмица дознаваме дека нема договор помеѓу сите такси компании во Струмица за покачување на цената на таксито.
„Да, имавме состанок, но повеќето се изјаснивме дека цената на таксито останува иста освен две такси компании кои се согласија цената од 50 денари да биде качена на 60 денари“ – изјавија од централата на струмичко такси.