strumica denes logo

ТАЈНАТА ЗА МАНАСТИРСКИОТ КОМПЛЕКС ВО СЕЛО АНГЕЛЦИ

Автор:

Датум:

август 15, 2019

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

август 15, 2019

Категории:

Култура

Манастирскиот комплекс — комплекс од мали манастирски цркви кои се наоѓаат во близина на селото Ангелци, во Општина Василево.

Комплексот се наоѓа на 4 километри северно од селото Ангелци, по патот кој води кон селата Едрениково и Седларци. Месноста каде се наоѓаат манастирите е позната како Чаушев Камен или Кајнаци.

Манастирите се наоѓаат во радиус од 50 метри, наредени еден до друг. Манастирите се девет на број, и тоа: манастир „Св. Петка“, „Св. Троица“, „Св. Пантелејмон“, „Св. Недела“, „Св. Јован Крстител“, „Св. Ѓорги“, „Св. Леонтиј“, „Св. Димитар“ и манастир посветен на „Три светители“. Во комплексот се наоѓаат и три бунари, чија вода била света и лекувала девет болести, како и една камбанарија.

Историјата на манастирскиот комплекс започнува кон 1991 година, кога на еден локален жител, кој неколку години боледувал, започнал да сонува како некои непознати луѓе од него бараат соба со покрив. По некое време неговата сестра сонила дека мора да изгради манастир за да не го изгуби најмилото.

Така, во 1991 година човекот започнал да гради најпрвин бунар, а потоа бил изграден и првиот манастир посветен на Света Петка. По ова следувало и изградбата на манастирите „Св. Недела“, „Св.Троица“ и „Покровитна Богородица“, „Св. Јован Крстител“. По некое време на еден друг жител на селото Ангелци, исто така сонил дека треба да изгради манастир кај Чаушев Камен, по кое бил изграден и манастирот посветен на „Св. Пантелејмон“.

Според еден друг жител на селото, манастирите ги предвидела и Баба Ванѓа, кој ја посетил во текот на 1980-тите години, и која го прашала за манастирите. Откако тој и кажал дека не постојат такви манастири во неговото село, таа му кажала дека во идниот период истите ќе бидат изградени.