СВР СТРУМИЦA: ОПЕН ФЕСТИВАЛ ПОМИНА БЕЗ ПОГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ!

август 23, 2018

За време и по завршувањето на трите главни музички вечери на културно-уметничка манифестација „Струмица опен фестивал“ на подрачјето на општина Струмица се регистрирани пет нарушувања на јавниот ред и мир-една тешка кражба и четири кражби, а генерално манифестацијата помина во поволна и стабилна безбедносна состојба без ниту еден посериозен инцидент или поголемо нарушување на јавниот ред и мир, соопштија денес од СВР Струмица.
– На 18 август, во времето од 18.00 до 04.00 часот, регистрирани се физички напад, карање-викање и непристојно дрско однесување, оддавање на пијанство и омаловажува државен орган односно омаловажување или навредување службено лице од Закон за прекршоци против јавниот ред и мир.Н аредниот ден во истиот временски период регистрирано е едно нарушување на јавниот ред и мир по член 11-тепачка и едно по член 4-карање, викање и непристојно дрско однесување. На 20 август пријавени се кражби кои се гонат по приватна тужба со мала материјална вредност- на ранец, кражба на мобилен телефон и кражба од монтажен штанд на алкохолни и безалкохолни пијалоци, стои во соопштението на СВР Струмица.
Од страна на полицијата се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на пријавените настани и откривање на сторителите на пријавените кривични дела.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ