Свечено пречекани дечињата во градинките во Струмица!

септември 4, 2018

Во свечена и пријатна атмосфера во сите клонови на градинката „Детска радост“ денеска беа пречекани дечињата кои и досега престојуваа, но и тие кои за прв пат влегоа таму. Срдечно добредојде на сите нив им посака директорот Васил Бубев на свечениот прием во дирекцијата на градинката, а на кој присуствуваа претседателот Марјан Даскаловски и членови на Советот на општина Струмица.

-Ќе се потрудиме со сите сили и можности да им обезбедиме на дечињата да се чувствуваат како во нивната домашна атмосфера и да се стекнат со сите знаења кои што се за нивната возраст и да им овозможиме од нашата институција да излезат подготвени и да продолжат во основното образование, рече Бубев.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ