strumica denes logo

Гробот на Св. Петнаесет тивериополски маченици во с. Куклиш

Автор:

Датум:

јануари 15, 2019

Автор:

Датум:

јануари 15, 2019

Основни податоци за делата на Светите Петнаесет маченици произлегуваат од Житието на охридскиот архиепископ Теофилакт Охридски. Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици се група на христијански светци и маченици од IV век. Своите животи во име на христијанството ги загубиле во времето на римскиот цар Јулијан Отпадникот. Денеска од страна на Македонската Православна црква и православниот свет нивното дело се чествува на 11 декември. Во Струмица (местото каде биле погубени) 11 декември се слави како патрон на градот.

Преданијата раскажуваат дека петнаесетте маченици се погубени во селото Куклиш. Таму бил нивниот гроб, некогаш по сон бил откриен и бил заграден со каменен ѕид. Бил покриен и тука стоела иконата. Тоа било некаде во 34 година. Подоцна во 1971  година било изградено манастирчето што и сега постои.

„Тугај се напри ископ на гробо. Се пронајде парче од глава и парче од рака или нога, коска. Тукај мје крфта истечена, тук са масакрирани, тук са парчосувани, а са однесени, са закопани на периферијата на Струмица“. Оттогаш започнала традицијата што и сега се практикува на ден пред празникот, односно на 10 декември, да се раздава како на задуша. „… тук се излева секуја гудина, према утрешњоа ден, цело село излева тука со лепче и чиница и друго, а дуваѓат сите невести ут таа гудина шо са биле, со бели, невестински фустане. Тук се раздава како на мртвен за петнајсте свештеници. Тава је останато од времето и ду ден денеска си стое.“

Друго предание раскажува дека борци на Сремски фронт се зарекле ако останат живи да изградат манастир на тоа место. Така бил изграден овој манастир во селото Куклиш посветен на овие 15 маченици.

Коските на неколку од светците се наоѓат и денес во манастирот во Куклиш, а поголемиот број од нив се наоѓат во манастирот “Св. 15 Тивериополски Маченици” којшто се наоѓа во Струмица.