Според извори на Струмица Денес, во полициска акција во Струмица, денеска пронајдена е дрога. Веста за нашиот портал ја потврдија и од СВР Струмица.
„На ден 18.11.2024 година во 23:40 часот во Струмица беше извршен преглед на ПМВ марка автомобил и кај лицето О.Т од Струмица беше промајдена ННзелеканаста растителна материја со непозната тежина, за кое постои сомнение дека е предмет на кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од КЗ на РСМ при што со негова согласност за влегување во домот истиот доброволно предаде уште две кутии за цигари со натпис „Малборо“ исполнети со НН зеленкаста растителна материја, прозирно најлонско кесе исполнето со НН зеленкаста растителна материја и единаесет стаклени тегли со НН зеленкаста растителна материја од околу 1 килограм и 45 грами. Лицето беше лишено од слобода и спроведено во полициска станица за превземање на понатамошни мерки и дејствија. За целокупниот настан беше известен дежурен јавен обвинител од Основно Јавно Обвинителство Струмица.“, велат од СВР Струмица за Струмица Денес.