СТРУМИЧКИТЕ ОСНОВЦИ ЈА ПРЕТСТАВИЈА СТРУМИЦА И МАКЕДОНИЈА ВО ШВАЈЦАРИЈА СО МУЗИЧКО СЦЕНСКИ НАСТАП!

јуни 6, 2019

Учениците од трите основни општински училишта „Никола Вапцаров“ и „Маршал Тито“ од Струмица и „Маршал Тито“ од Муртино, кои учествуваат во проектните активности на интеркултурна размена со ученици од Цирих, во Детското село Песталоци во Троген, Швајцарија, изведоа музичко сценски настап, со претставување на својот град Струмица и својата држава. Општина Струмица финансиски ги поддржува активностите на меѓуетничка соработка и интеркултурна комуникација, кои произлегуваат од планираните активности во годишните програми на училиштата.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: