strumica denes logo

Струмички комуналец поставува контејнери со порака за поголема хигиена

Автор:

Датум:

јули 26, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

јули 26, 2018

Категории:

Култура

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Јавното претпријатие ,,Комуналец” од Струмица во соработка со општината почна со поставување нови контејнери. Станува збор за метални контејнери со зафатнина од 1,1 кубен метар, а се поставени пред јавните институции и улиците во централното градско подрачје. Досега се поставени 150 контејнери, а според изготвениот план во текот на следната работна недела ќе се постават уште 150 нови контејнери. Сите имаат порака „Остави ме овде, ова е моето место“, со цел за покревање на јавната свест кај граѓаните.

„Целта на акцијата е да се подобри општата хигиена во градот, а со пораката поставена на контејнерите се надеваме и на зголемување на свеста кај граѓаните истиот да го депонираат во нив, а не да го фрлаат во нивна непосредна близина“, информираа од ЈПКД Комуналец – Струмица

Средствата за набавка на новите 300 метални корпи за отпадоци се обезбедени од Буџетот на општината, а од струмички Комуналец тврдат дека одделението „Механизација“ ги поправа и старите контејнери што се демолирани пред колективните станбени комплекси, но и на фреквентните улици.