Струмичката библиотека доби донација од нови универзитетски учебници

август 24, 2018

Доделување благодарница на проф. Д-р Атанас Козарев
Декан на факултет за детективи и криминалистика Скопје и Претседател на Асоцијација за корпоративна безбедност Скопје.

„Ми претставува чест и задоволство што ја имам можноста неколку години да го збогатувам библиотечиот фонд на струмичката библиотека. Бидејќи основното и сердното образование го поминав во мојот роден крај, а понатаму мојата професинална кариера ја продолжив во Скопје, сметам дека преку ваков однос кон нашите локални институции придонесуваме да ја одржуваме врската со нашите родни краеви и да оставиме своевиден печат. Книгите кои се донирани се дел од моите универзитетски учебници, дел од литература која сметам дека треба да премине од мојата огромна семејна библиотека и да стане достапна до пошироката струмичка јавност. Едноставно, како што мојата професорка по македонски јазик и класен раководител Нада Караманова која пред неколку децении една од писмената тема ни ја кажа следната: Книгата е духовен завет, завет од едно поколение на друго, завет на старецот кој умира и момчето кое се раѓа. Голема благодарност до директорката Тања Гошева за сенсот и разбирањето за овие нешта“. – изјави Козарев.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: