strumica denes logo

Струмичанката Павлина организира јазична размена во Келн

Автор:

Датум:

мај 4, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

мај 4, 2018

Категории:

Култура

Мундо Линго е јазична размена која се организира во барот Вонгемајншафт во Келн. Секоја недела ја посетуваат околу 200 луѓе кои сакаат да учат нов јазик, но и да запознаат нови луѓе.

 Вонгемајншафт е специјално место за сите луѓе кои сакаат да учат нов јазик. Станува збор за јазичната размена Мундо Линго, во чија организација учествува Павлина Манавска од Струмица:„Живеам во Келн. Секоја среда се собираме во кафе-барот ‘Die Wohgemeinschaft’. Нашата дружба почнува секоја среда во 19 часот. Тоа е настан кој го организираме со пријатели, поточно со Давид од Аргентина.“

Давид се навраќа на деновите кога стигнал во Келн:

„Се сеќавам дека една од првите работи кои ги направив кога дојдов во Келн е доаѓањето во Мундо Линго. За мене ова е како мало бебе, настан кој на почетокот беше навистина мал, а сега неделно доаѓаат повеќе од 200 луѓе од цел свет. Ова е размена на јазици, но за мене е повеќе размена на култури.“

Павлина, која е дел од организаторите на средбите, вели дека кога дошла не познавала никого од Македонија:

„Правилата на Мундо Линго се: најгоре е твојот мајчин јазик, земјата од којашто доаѓаш, а потоа јазиците коишто ги зборуваш или сакаш да ги научиш. Беше многу интересно, бидејќи јас не познавав никого од Македонија или од Балканот. Секогаш е навистина пријатно кога ќе сретнеш некој кој го зборува твојот мајчин јазик и со тебе ги споделува истите културни вредности, истиот менталитет.“

Со помош на Мундо Линго знаењето на германски јазик го усовршил и Македонецот Виктор. Тој тука стекнал и пријатели:

„Местото е баш супер за собирање импресии од доста луѓе. Келн е мислам меѓу топ-десет градови за ‘милениалс’, значи за млади луѓе. Можеме радо да завртиме на германски (се смее). Со оглед на тоа што овде живеам шест години, мора да се интегрираш, мора да го учиш јазикот.“