strumica denes logo

СТРУМИЧАНКА СТАНА НЕВЕСТА ВО ШТИПСКИОТ ЗАТВОР!

Автор:

Датум:

август 8, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

август 8, 2018

Категории:

Култура

Два брака во еден ден склучени во штипскиот затвор. Две осудени лица судбоносното „да“ на своите избранички, решиле да го кажат уште додека ја издржуваат затворската казна.

Едното лице кое склучило брак е од Струмица и е осудено на затворска казна во времетрање од пет години, додека другиот младоженец е од Велес и во штипскиот затвор издржува казна од 9 години и 6 месеци :

  • Самата постапка се иницираше од осудените лица, а со помош на Секторот за ресоцијализација. Се стапува во контакт со матична служба при општина Штип, која определува датум и време за склучување на бракот. Постапката се реализираше во затворската училница каде што присутни беа младожениците или осуденото лице и неговата избраничка, сведоците, претставници на матична служба и претставници на установата, кажа Мики Тодоров, дир. на КПД Штип.

Склучувањето на брак за време на издржување на затворска казна, не e ниту нова ниту непозната работа за инволвираните институции, но на истата во последно време се одлучуваат се поголем број осуденици :

  • Потребата на склучувањето на брак е изразена од самата мотивација на осуденото лице за реализирање на слободно видување со брачен другар во посебна просторија која претставува посебна погодност за добро поведение и работење во установата, дополни Тодоров.

Инаку, постапката за склучување на брак е согласно член 152 од Законот за извршување на санкции, кадешто за време на издржување на казната затвор, осуденото лице може да склучи брак. Доколку не постојат услови бракот да се склучи пред надлежниот орган на слобода, тогаш склучувањето на брак се организира во посебна просторија во установата.