Струмичани ќе уживаат во театарската претстава „ИДИОТ“ вечерва во НУЦК „Антон Панов“

октомври 4, 2018

 

„ИДИОТ“ е драмски игропис за кризата на духовниот идентитет.
Една необична ноќ Кнезот МИШКИН се наоѓа на својата попатна станица, во домот на РОГОЖИН. Соперниците неуморно беседат за својата заедничка љубов и пасија – НАСТАСЈА Филиповна…
Во низата фрагментарни сцени „во живо“, се преплетуваат и неколку ретроспекции и визии. Во таа жестока атмосфера на вербално-телесен „двобој“ има места и за искрени искушенија и длабоки пречистувања. Претставата на метатеатарски начин допира суштински проблеми и дилеми кои ја опседнуваат кревката човечка индивидуа од минатото до денес.
Меѓу другото, се обидуваме да одговориме на неколку клучни егзистенцијални прашања: „Дали постои чесност?“; „Каде сме, каде одиме?“; „Колку вреди да се застане во одбрана на убавината?“; „До каде може да стигне лудилото?“
И во тие драматично возбудливи мигови, кога на Едниот, атеистот, му се случува поматување на умот, сведочиме за постапките на Другиот, следбеникот на Христос…
LUMEN COELI, SANCTA ROSA!
Во име на Вашата и наша сценска правдољубивост и во знак на 150-годишнината од првата објава на ова ремек-дело на генијалниот Достоевски.

Фјодор М. Достоевски
ИДИОТ
Режија: Горан Тренчовски

Улоги:

МИШКИН – Игор Тодоров
РОГОЖИН – Кољо Черкезов
НАСТАСЈА – Јулија Милкова

Сценографија: Милена Пантелеева
Костимографија: Ванчо Василев
Музика: Марјан Неќак
Сценски движења: Асја Иванова
Дизајн на светло: Димче Спасевски, Никола Илков
Плакат: Александар Филев
Драматизација, превод и адаптација (според верзијата на Анджеј Вајда):
Ацо Гогов, Никола Сарајлија, Горан Тренчовски

 

Горан Тренчовски
Ноември/декември, Санкт Петербург – Скопје – Струмица

Ве молиме пред влезот во салата да ги исклучите мобилните телефони.
Забрането е фотографирање, аудио и видео снимање.

Билетарницата работи секој работен ден од понеделник-сабота од 08-21 и еден час пред претставата.
Резервации на тел. 071 205 264

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ