СТРУМИЧАНЕЦ СТОРНИРАЛ УПЛАТЕНИ ТИКЕТИ ВО ОБЛОЖУВАЛНИЦА, ПРИСВОИЛ ОКОЛУ 6.000 ЕВРА

јуни 6, 2018

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против Т.Р.(21) од Струмица за сторено кривично дело „затајување’’.

На 25.02.2018 година во Струмица, пријавениот, како техничар – оператор во спортската обложувалница противправно присвоил 382.747 денари од уплатени тикети за спортски натпревари.

Бидејќи кривичното дело се однесува на затајување не на кражба, според неофицијални информации вработениот сторнирал тикети на натпреварувачи за кои тој сметал дека нема да бидат добитни. На тој начин парите си ги присвојувал за себе.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ