СТРУМИЧАНЕЦ ИЗРАБОТУВАЛ И ПРОДАВАЛ ОРУЖЈЕ БЕЗ ДОЗВОЛА!

декември 21, 2018

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе две кривични пријави против А.Б. (70) од Струмица за сторени кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „недозволена трговија“ и против Ж.Р.(65) од Скопје за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. На 05.10.2018 година во Струмица на улица „22-ри Декември“, од страна на полициски службеници, при претрес во домот на првопријавениот, биле пронајдени и одземени 15 куршуми со калибар 7,65 мм и 52 куршуми со калибар 9 мм. На 05.10.2018 година во Скопје на улица ”Џон Кенеди“, од страна на полициски службеници, при претрес во домот на второпријавениот, биле пронајдени и одземени рамка за пиштол, 33 куршуми со калибар 9 мм и осум куршуми со калибар калибар 7.65 мм,.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ