SPEAK LOUD – Ослободи ја мислата-Вторник 17:30 часот, JUMPING CLAY – ТЦ Глобал II кат-Струмица!

јули 29, 2018

 

Пронајдете го одговорот на дилемата, има работа / нема работа. Дали има надеж или сите ќе се иселуваме од Македонија. Каде го гледаме проблемот и како да го решиме. Биди и ти дел од креирањето на големата слика. Биди и ти дел од решението, а не од проблемот.

Вторник, 17.30 часот, локација Jumping Clay – ТЦ Глобал II кат, Струмица. Влез слободен.

Наполнете се со мотивација и инспирација со вклучување во дебатата која ќе ја водат неколку искусни претприемачи од Струмица:

Тони Костов – сопственик и директор на Риверсофт и косопственик во неколку други компании.

Горан Динов – сериски претприемач, топ менаџер во аутсорсинг компании кои оперираат во САД, основач и косопственик на Хелен Дорон Македонија.

Митко Андонов – сериски претприемач, говорник и мотиватор, основач, сопственик и коспоственик на повеќе мали компании.

Главна таргет група се младите, кои најмногу може да добијат со своето присуство. Но уште покорисно е да присуствуваат и локалните бизниси, кои се во постојана потрага по нови таленти.

 

Говорниците се членови и поддржувачи на здружението за социјално претприемништво Vita Honesta, Струмица.

Оваа активност е финален настан која се реализира во рамките на проектот ‘’Golden Opportunity’’ спроведуван од Linking, Engagement, Advocacy and Development LEAD стипендиската Марија Бандулова, финансиски поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Вклучи се во дискусијата online и дознај повеќе на https://www.facebook.com/events/2304109066282212/

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: