strumica denes logo

СОВЕТОТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА ЌЕ ЈА ОДРЖИ ОСУМНАЕСЕТТАТА СЕДНИЦА СО СЛЕДНИОТ ДНЕВЕН РЕД!

Автор:

Датум:

декември 27, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

декември 27, 2018

Категории:

Култура

Осумнаесеттата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи на ден 28.12.2018 година (петок) во домот на АРМ со почеток во 11 часот со следниот Д н е в е н р е д:

  1. Предлог-Буџет на Општина Струмица за 2019 година;
  2. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на општина Струмица за 2019 година;
  3. Предлог –Програма за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој и туризмот во 2019 година;
  4. Предлог- Програма за активностите на општина Струмица поврзани со спроведување на проекти финансирани од фондовите на Европската Унија за 2019 година;
  5. Предлог-Програма за активностите на општина Струмица во областа на меѓународна соработка за 2019 година;
  6. Предлог-Програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2019 година;
  7. Предлог-Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици на територијата на Општина Струмица за 2019 година;
  8. Предлог – Програма за изградба и одржување на јавното осветлување на подрачјето на општина Струмица за 2019 година;
  9. Предлог-Програма за изработка на урбанистички планови во Општина Струмица за 2019 година;
  10. Предлог-Програма за одржување на јавната чистота во 2019 година;
  11. Предлог- Програма за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Струмица за 2019 година;
  12. Предлог – Програма за активности во областа на заштитата на животната средина на подрачјето на Општина Струмица за 2019 година;
  13. Предлог -Програма за заштита од штетно дејство на водите за 2019 година;
  14. Предлог – Програма за решавање на проблемот со бездомните кучиња на подрачјето на Општина Струмица за 2019 година;
  15. Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица од областа на културата во 2019 година;
  16. Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица во областа на образованието во 2019 година;
  17. Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица во областа на спорт и млади во 2019 година;
  18. Предлог – Програма за активностите на општина Струмица за областа на социјалната и детската заштита во 2019 година;
  19. Предлог – Програма на општина Струмица за работа со облиците на месна самоуправа во 2019 година;
  20. Предлог-Програма за одбележување на годишнини на значајни настани и истакнати личности во 2019 година во Општина Струмица;
  21. Предлог – Програма за активностите на Општина Струмица во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2019 година;
  22. Предлог-Програма на Општина Струмица во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2019 година;
  23. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата за основното образование за 2019 година;
  24. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата за средното образование за 2019 година;
  25. Предлог-Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2019 година;
  26. Предлог – Одлука за утврдување на благајнички максимум за 2019 година;
  27. Предлог – Одлука за резервирање средства за експропријација во Буџетот на општина Струмица за 2019 годинa;
  28. Предлог – Одлука за утврдување на приоритет на Проект „Помалку отпад за поквалитетен живот“
  29. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Меланија Иљачева од Струмица;
  30. Предлог – Одлука за ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на Општина Струмица од сите ризици и опасности;
  31. Предлог – Одлука за измена на Одлуката за авто-такси превоз на патниците на подрачјето на општина Струмица;
  32. Предлог – Одлука за усвојување на мерки и активности за имплементација на Акциониот план за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух во Општина Струмица;
  33. Предлог – Одлука за усвојување на Акционен план во областа вработување, домување, образование и здравство за периодот 2019-2021 година;
  34. Предлог – Заклучок за усвојување на Програмата за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата- Струмица за 2019 година;
  35. Предлог-Решение за разрешување и именување на членови во Управниот одбор на ЛУБ “Благој Јанков Мучето” Струмица;
  36. Предлог-Решение за разрешување и именување на членови на Управниот одбор на Домот за деца и млади “Благој Мучето” Струмица;
  37. Програма за развој на Локалната установа библиотека „Благој Јанков Мучето“ за 2019 година;
  38. Програма за работа со финансов план за 2019 година на Општинската установа Дом за деца и млади „Благој Мучето“ Струмица“;
  39. Извештај за реализацијата на Струмичкиот карневал – 2018 година;
  40. Програма за подготовка и реализација на Струмичкиот карневал – 2019 година;
  41. Програма за работа на ЈП „Паркиралишта-Струмица” за 2019 година;
  42. Програма за работа на ЈПЕД „Струмица –гас” за 2019 година;
  43. Измена и дополнување на Годишниот план за вработување за 2019 година на ЈПЕД „Струмица-гас“ Струмица;
  44. Барање согласност за обезбедени финасиски средства за пополнување на работни места согласно Годишниот план за вработување за 2019 година, на ЈПЕД „Струмица-гас“ Струмица;
  45. Извештај за работа на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за период I-IX месец 2018 година;
  46. Програма за работа на ЈПКД “Комуналец” Струмица за 2019 година;
  47. Одлука за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за регулиран период 2018-2020 година;
  48. Одлука за утврдување на паушал за одведување на отпадни води во Костурино на ЈПКД „Комуналец“ Струмица;
  49. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за услогласување на намената на градежно земјиште на КП 8018/1, 7152/1 КО Струмица;
  50. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за услогласување на намената на градежно земјиште на КП 6488 КО Струмица;
  51. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за услогласување на намената на градежно земјиште на КП 1085 КО Муртино;
  52. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за услогласување на намената на градежно земјиште на КП 1275 КО Струмица;
  53. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 519 КО Просениково;
  54. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7899 КО Струмица;
  55. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 481 КО Габрово;
  56. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 1089 КО Дабиља; и
  57. Информација за Физибилити студија за оправданост од воспоставување на договор за јавно-приватно партнерство за модернизација на системот за јавно осветлување во Општина Струмица.