Славчо Попоски со рана викенд најава: Стабилен, сончев и многу топол викенд пред нас – детална анализа

март 21, 2019

Во текот на оваа вечер како што најавивме особено во планинските места и тоа особено јужно од Скопско има развој на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Утре и во четврток ќе имаме сончево време со умерена облачност, локално ќе има и повремена позначителна облачност а само на југ и југоисток има услови за слаб локален дожд додека температурите на воздухот ќе бидат во незначително опаѓање и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 утре и од 13 до 20 во четврток.

Веќе за време на викендот повторно поради позначителен продор на топол воздух од југ ќе имаме пораст на температурите и максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени а времето ќе биде стабилно и сончево а само во недела доцна попладне особено на планинските места на запад има услови за слаб и краткотраен дожд.

Ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец кој утре и во четврток повремено ќе засилува на интензитет.

Подготви: Славчо Попоски

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ