Уште од ова претпладне на северозапад и тоа особено на планините локално беше нестабилно со дожд и грмежи.
Нестабилноста тек допрва доаѓа.
Во моментов северозападно од нас е развиен интензивен олуен систем кој условува поројни дождови, силен ветер, силни грмежи и локална појава на град.
Од доцните претпладневни часови па натаму на повеќе места низ држава ќе се развива нестабилна облачност и тоа поради моќниот ФЛОРИЈАН која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер претежно од северозападен правец.
Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во фрома на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења, појава на град и значително количество на воден талог кое може да услови и локални поројни поплави.
Граѓаните своите домашни уреди ЗАДОЛЖИТЕЛНО да ги исклучуваат од штек додека трае невремето а исто така и своите автомобили да ги ставаат подалеку од дрвја со цел да не дојде до несакана ситуација и штети.
Максимумот на температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени меѓутоа од навечер па натаму истите ќе бележат тенденција на значително опаѓање и повторно ќе бидат под просекот за овој летен дел од годината.
Нестабилното време со чести врнежи, грмежи и услови за невреме ќе се задржи ПОДОЛГ ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОД.
извор: Славчо Попоски