САМО ВО СТРУМИЦА ДЕНЕСКА ИЗМЕРЕНА ТЕМПЕРАТУРА ПОД НУЛАТА!

септември 28, 2018

Температури под нулата утринава се измерени во Берово и Струмица, а во останатите градови низ државата утринските температури не се повисоки од 10 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека во Берово се измерени -5 степени, во Струмица -1, во Петровец кај Скопје, Маврово и Тетово 0, Лазарополе 1, Штип, Крива Паланка, Куманово и Демир Капија 2, Битола 3, Скопје, Прилеп, Пожаране и Крушево 4, Дебар 5, Ѓуриште, Виница, Претор и Гевгелија 6, Тополчани 7 и во Охрид и Дојран 8 степени.

Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува, особено во јужните делови, каде ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максимална температура ќе се движи од 19 до 25 степени.

За време на викендот ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а повремено облачноста ќе се зголемува.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: