САКАМ ДА КАЖАМ: ВО СТРУМИЦА ПАК СЕ ПОЛАГА ВОЗАЧКИ ИСПИТ ПО 9 МЕСЕЦИ ПАУЗА

август 17, 2018

Како што објави порталот САКАМ ДА КАЖАМ Кандидатите за возачка дозвола за сите видови категории, кои ја имаа поминато обуката низ автошколите од Југоистокот, веќе нема да патуваат за полагање на завршниот испит во Штип и Велес. Фирмата „Испитен центар Струмица“ доби лиценца за работа по распишаниот јавен повик на МВР, откако на претходниот „Ас Струмекс“ му истече десетгодишната дозвола. Во Југоистокот речиси девет месеци не се полагаше за возачка, поради што околу 1.000 кандидати од Струмица, Радовиш, Валандово и Гевгелија мораа да чекаат или да патуваат во некој друг испитен центар за да го завршат теоретското и практичното тестирање за да добијат дозвола.

Целосната вест може да ја погледнете на следниот —– ЛИНК 

ИЗВОР: САКАМ ДА КАЖАМ

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: