Струмичанката Роза Мојсовска ја најави шестата збирка поезија

Позната по својот енергичен и неисцрплив дух, струмичката поетеса и уметница Роза Мојсовска продолжува да сведочи дека може да се стигне до успехот и покрај големите пречки кои треба да бидат надминати. Овојпат, таа во интервју за порталот „Женски Магазин“ ја најави шестата по ред збирка поезија.

Во интервјуто Роза зборува за своето детство, за сместувањето во Заводот за рехабилитација – „Бања Банско“ каде веќе престојува цели 43 години, за почетоците со цртањето и творењето, за првата уметничка изложба во Ватикан и уште еднаш го потврдува фактот дека за неа не постои невозможна цел.

Целосното интервју можете да го пронајдете ОВДЕ.

Тимот на Струмица Денес и’ посакува успешна промоција на новото литературно остварување.

Автор:

Датум:

јануари 15, 2019

Категории:

Култура