Рецепт на денот: Сочно пилешко во сос од рендан компир

февруари 25, 2019

Овој рецепт претставува одлична идеја за брз и едноставен ручек кој на сите ќе им се допадне.

Потребни состојки:

  • 1kg пилешко месо по желба
  • 100g лук
  • 700g компири
  • 3 јајца
  • 200ml млеко
  • 250g брашно
  • 200g павлака
  • 10ml масло
  • Вегета, бибер и црвен пипер по желба

Подготовка:

Пилешкото зачинете го со вегета и црвен пипер по желба и кратко испржете го на масло од двете страни.

Компирот изрендајте го и на него додадете ги јајцата, млекото, павлаката, брашното, ситно исечканиот лук, маслото и добро измешајте ги сите состојки. Зачинете ги со вегета, бибер и додадете уште малку од црвениот пипер.

Во голем сад ставете ја смесата и на неа наредете ги парчињата пилешко.

Состојките ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени, 35 – 40 минути.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ