Овој рецепт претставува одлична идеја за брз и едноставен ручек кој на сите ќе им се допадне.
Потребни состојки:
- 1kg пилешко месо по желба
- 100g лук
- 700g компири
- 3 јајца
- 200ml млеко
- 250g брашно
- 200g павлака
- 10ml масло
- Вегета, бибер и црвен пипер по желба
Подготовка:
Пилешкото зачинете го со вегета и црвен пипер по желба и кратко испржете го на масло од двете страни.
Компирот изрендајте го и на него додадете ги јајцата, млекото, павлаката, брашното, ситно исечканиот лук, маслото и добро измешајте ги сите состојки. Зачинете ги со вегета, бибер и додадете уште малку од црвениот пипер.
Во голем сад ставете ја смесата и на неа наредете ги парчињата пилешко.
Состојките ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени, 35 – 40 минути.