Perdormire
Култура

РЕЦЕПТ: БРЗ КОЛАЧ, СОВРШЕН ЗА СО КАФЕ

СОСТОЈКИ:

  • 4 јајца
  • 1 ½ шолји шеќер
  • ½ шолји масло
  • 1 шолја кисело млеко
  • 2 лажички сода
  • 2 шолји брашно
  • 1 лимон (сок и кора)
  • 100 гр. ореви
  • 1 ванила

ПОДГОТОВКА:

  1. Се матат јајца со шеќер и кисело млеко.
  2. Се става брашно постепено и се додаваат ванила и сода, мелени ореви и изрендана лимонова кора и сок од лимон.
  3. Се става смесата во плех со масло и се пече на 170 степени 30 минути најмногу.