РЕАКЦИЈА НА ГРАЃАНИТЕ: ОДРЕДЕНИ ТАКСИ ПРЕВОЗНИЦИ НЕ ВОЗАТ ГРАДСКИ РЕЛАЦИИ!

август 15, 2019

Во состав на нашата рубрика Пријави проблем, пристигнаа голем број поплаки од граѓани кои апелираат за совесност од одредени такси превозници, коишто според нивните сведочења, одбиваат да возат градски релации само затоа што тие чинат помалку.

„Некои такси превозници се осмелуваат уште од телефон да те прашаат каде ќе одиш. Ако кажеш некое од подалечните струмички села, такси возило ќе пристигне. Спомни улица од градот и нема слободни возила!“ – коментира револтиран струмичанец.

„Странци, или ајде да кажеме гастербајтери, пред мои очи му понудија на таксистот поголема сума да ги однесе до саканото место и тој без да размисли прифати, а јас останав да чекам на овие горештини иако си го имав повикано такисто и го чекав истото повеќе од 10 минути!“ – стои во реакцијата на друг граѓанин.

Засега реакција од страна на такси компаниите нема.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: