strumica denes logo

„Прва лего лига“ – натпревар за талентирани деца по информатика и роботика, СОУ „Никола Карев“ го освоија првото место во категоријата за успешно проектно решение!

Автор:

Датум:

февруари 25, 2019

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

февруари 25, 2019

Категории:

Култура

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Во просториите на Факултетот за Информатика во Штип се одржа првиот државен натпревар „Прва Лего Лига“ за деца од 9 до 16 години што е меѓународна мултидисциплинарна истражувачка програма која ги инспирира младите луѓе да истражуваат во науката и да решаваат реални проблеми.

Tемата на проектот оваа година е „Во Орбитата“ а тимовите имаат задача да идентификуваат физички или социјален проблем со кој луѓето се соочуваат за време на нивното долгорочно истражување на вселената во нашиот Сончев систем, како и да предложат решение.

СОУ „Никола Карев“ учествуваше во сите категории со тимот ученици: Мелани Додевска, Стефан Сачевски, Горан Костадинов, Кристијан Пеливанов, Димитар Витанов, Васко Караиванов и Кире Тасев сите од I-9 клас, ментор Лидија Петрова Иванова и тренер Борислав Манчев и при тоа го освоија ПРВОТО место во категоријата за успешно проектно решение. Проектот на учениците беше: ” Био-фарма за рециклирање на вода, воздух, производство на храна и психолошки придобивки кај космонаутите во вселенски брод”. Честитки до сите и да продолжите со успеси.