Perdormire
Култура

ПРВ КУП НА МАКЕДОНИЈА ЗА СЦЕНСКИ ИЗВЕДУВАЧИ!

На 7ми март, во просториите на Националната Опера и Балет ќе се одржи првиот Куп на Македонија за сценски изведувачи, посветен на сценските уметности: глума, пеење, танц, уметничка гимнастика, акробатика, жонглирање, илузионизам.

Досега најпрестижниот уметнички шампионат кој ги отвора вратите кон светските театарски и фестивалски сцени е дел од светската иницијатива „Metodo Pass“ која го застапува терминот – сценски изведувач и е присутна помеѓу најголемите Европски Нации кои се натпреваруваат на своите национални првенства.

Учесниците на првиот Куп на Македонија, од сите уметнички дисциплини, со возраст над 6 години, ќе се натпреваруваат СОЛО, во ДУО, во помали состави од 3 – 5 натпреварувачи или поголеми ансамбли со неограничен број на изведувачи. Сите перформанси ќе бидат дел од официјалниот youtuBe канал на Metodo Pass.

Натпреварувачите ќе се борат за многу вредни награди, интернационални стипендии и медали (злато, сребро и бронза), а финалистите ќе ја претставуваат својата нација на големото Европско Финале кое ќе се одржи во од 7 -12 Април, во Рим, 2020 година, на сцената на најголемото филмско студио во Европа Cinecitta World.

Таму пак, нашите најталентирани уметници ќе бидат во трка за: стипендии за Бродвеј Musical Academy во Њујорк, стипендии за Лондон, Ница и ширум Италија, многу музички договори, договори за вработување, учество во интернационални ТВ шоуа и многу други несекојдневни награди и прилики.
Бидете дел од најуникатниот уметнички хепенинг кај нас и трасирајте го патот на вашата кариера кон светските сцени.
7ми Март – Националната Опера и Балет.
Информации и пријавување на тел: 075 323 352 и 070 366 926.
На E-mail адресата: metodopassmacedonia@gmail.com
Или на fb: Metodo Pass – Macedonian Cup