Овоштарите од радовишкиот регион незадоволни од откупот на сливите денеска го блокираа патниот правец Струмица – Радовиш.
Со блокадата упатија апел до надлежните да преземат мерки за да се нормализира откупот кој е целосно закочен. Стравуваат дека производството ова лето ќе им скапува по нивите, за што од Министерството за земјоделство (МЗШВ) побараа интервениции.
Од МЗШВ информираат дека ја следат состојбата во Радовишко и не ја исклучија можноста по примерот со доматите, да има интервентна мерка и за сливите.
„Незадоволни од немањето откуп на слива се решивме на овој чекор, да го блокираме патниот правец како би можеле да го скренеме вниманието и на јавноста и на надлежните институции дека родот наш скапува по нивите, нема откуп, а голем дел од овие луѓе егзистираат единствено од слива, таа им е единствено средство за живот“ – велат дел од производители на сливи од Радовишко.
ИЗВОР: ТВ 24