Промовирани изданијата МАКЕДОНСКИ МУЛТИЕТНИЧКИ ЈАЗЛИ и NYJET MULTIETNIKE MAQEDONASE од авторот проф. д-р Петар Атанасов, заменик-министер за образование и наука!

мај 10, 2019

Вчера, 8 мај, во 13 часот, на штандот на издавачката куќа ПРОСВЕТНО ДЕЛО, на првиот ден од Саемот на книгата 2019 година, беа промовирани две изданија: МАКЕДОНСКИ МУЛТИЕТНИЧКИ ЈАЗЛИ и NYJET MULTIETNIKE MAQEDONASE (албанско издание на истиот наслов) од авторот проф. д-р Петар Атанасов, заменик-министер за образование и наука.

Книгите ги промовираше Сафет Балази од Центарот за човекови права и разрешување конфликти.
„Овие две изданија претставуваат битка за идеалот на мултикултурниот концепт како модус за востановување рамнотежа меѓу државата и општеството, меѓу колективните и индивидуалните начини на живот, како и неуморна потрага по модели на коегзистенција меѓу културно различните групи и општествени структури“, изјавуваат од ПРОСВЕТНО ДЕЛО.

„Како што во светот не постојат две исти семејства“, вели Атанасов, „така секое општество е посебна приказна со својата историја и сегашност. Имајќи ги мултиетничките дилеми како главен фокус во овие книги, авторот се стреми кон пронаоѓање на вистинскиот пат, не за ублажување, туку за трајно решение на постојаните етнички проблеми во општеството кои долго време создаваат чувство на небезбедност и тензии меѓу неговите граѓани. Потребни се добар план и упорни градители“, заклучува Атанасов.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ