Perdormire
Култура

Претставата „Стјуардеси“ в сабота гостува во струмичкиот театар

Home

НУ Театар „Комедија“ в сабота ќе гостува во Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица со претставата „Стјуардеси“.

Оваа хит-претстава на Театар „Комедија“ ги урива рекордите на гледаност, а пред некоја седмица ја прослави 120. изведба. Режисер на претставата е Синиша Ефтимов, а во неа играат актерите: Атанас Атанасовски, Тино Костадиновски, Жаклина Петровска, Марија Кондова, Кристина Ласоска и Тања Мицков.

Струмичани ги очекуваа убава саботна вечер со Театар „Комедија“.