Претставата „Чиста Хероина“ во среда во Струмица!

октомври 29, 2018

Во среда со почеток до 20:00 часот во НУЦК „Антон Панов“-Струмица, ќе се одигра претставата „Чиста Хероина“. Билетарницата работи секој работен ден од понеделник-сабота од 08-21 и еден час пред претставата. Резервации на тел. 071 205 264

„Чиста Хероина“

Текст: Загорка Поп-Антоска Андовска

Режија: Ѓорѓи Ризески

Играат: Надица Петрова и Марко Илиќ

Композитор на оригинална музика: Александар Андовски

Музички соработник: Викторија Чочороска

Костим и сцена: колективен

Продукција: Центар за образование, култура и уметност „Данаил Станојески“ – ДАСТА Нетворкинг

Благодарност до: Културно информативен центар – Скопје, Конгресен центар – Александар Македонски и Јавна Соба
*Наслов на оригиналната драма: Лична Ангелина

Двајца. Брачен кревет, две наткасни, книга „Болен Дојчин и други драми“, еден стол и многу халуцинации. Убиствен мазохизам, неверојатна љубов, посесивност, болка, измачување. Драма во која преку пеколот се стигнува до љубовта. Сонот и јавето се мешаат, книгата на полицата ја диктира реалноста која се претвора во кошмар. Низ кошмарот од драмата, двајцата заглавени во спалната на поткровјето ја лечат реалноста. Каде почнува и каде завршува јавето? „Чиста Хероина“ – претстава што треба да ја видите!

Ве молиме пред влезот во салата да ги исклучите мобилните телефони.
Забрането е фотографирање, аудио и видео снимање.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: