Градоначалникот Коста Јаневски и претставници на Одделението за локален економски развој во општина Струмица, денеска, присуствуваа на информативниот состанок со претставници од Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој во врска со најавениот Јавен повик за мерките 321, 322 и 323 од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година. На состанокот присуствуваа градоначалници и претставници на општините од Југоисточниот плански регион, а беа информирани за начинот на кој што ќе можат да се искористат планираните средства од оваа програма.
Од Агенцијата информираа дека од вкупно 2 милијарди и 132 милиони денари, над 600 милиони се наменети за општините. На десетте општини од регионот и на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион им стојат на располагање средства по повеќе основи. Една од мерките е подобрување на животот во руралните средини, потоа мерката за обнова и развој на селата и мерката за зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја.
Овие мерки се вклопуваат во целите на градоначалникот Коста Јаневски и општина Струмица и максимално ќе ги искористат овие можности за реализација на проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните во Општината.
Преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година ќе се подобрува животот на граѓаните

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ: