ПОРТАЛ СТРУМИЦА ДЕНЕС СЕ ЧИТА НА СИТЕ КОНТИНЕНТИ!

февруари 25, 2019

Бројот на читатели на Струмица Денес од ден на ден се повеќе и повеќе се зголемува. За нас посебно е значаен фактот што тие читатели се припадници на различни целни групи и со различни интереси од кои постојано добиваме коментари и сугестии што ни овозможува прецизност во креирањето на содржините. Во однос на податоците за публиката дојдовме до интересни факти за географската положба на читателите преку Google Analytics.

Google Analytics e бесплатен сервис на компанијата Гугл создаден за водење статистика на посетата на веб сајтот. На корисниците им се овозможени статистички прикази на посетите според изворот, пребарувачот, детали за посетителите како географска локација, јазикот кој го користат, веб прелистувачот и уште многу други податоци за сопственикот на сајтот.

Сајтот е читан од ,,нашинци” во Италија, Германија, Шведска, Норвешка, САД, Швајцарија и сите соседни земји на Балканот.

Најголем број на посети на сајтот Струмица Денес после Македонија имало од Швајцарија, а веднаш после неа се Германија, Италија и Словенија. Нашинците кои главно се преселени во овие држави после домашната публика се нашите најверни читатели. Струмица Денес се чита и во сите земји на Балканот, а според податоците најмногу во соседна Бугарија. После Велика Британија и Шведска на 10-то место се наоѓа далечниот континент Австралија.

Освен земјите на Балканот и воопшто сите земји во Европа на списокот ги има и Русија и Турција кои имаат голема читателска публика и на двата континенти на кои се протегаат. Сајтот има солидни посети и од Јужна Африка, Обединетите Арапски емирати, Либија и Пакистан.

Имено, најинтересниот податок кој го добивме беше дека сајтот е на неколкупати посетен и од Виетнам – според бројките многу повеќе посети има од таму отколку од Австрија и Холандија. Исто толку чудно е што Виетнам е меѓу првите 10 земји каде најмногу се читаат содржините на Струмица Денес.

Неодамнешните истражувања за генотипот на Македонците укажаа на присуство на Dr-16 генот. Во светот овој ген го има во поголема застапеност во Виетнам. Така вели истражувањето на познатиот институт од Австрија. Дека крвта не е вода зборува и нашата аналитика за читаност.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ