strumica denes logo

ПОГЛЕДНЕТЕ КОЛКУ СЛОБОДНИ РАБОТНИ МЕСТА ИМА ВО СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

август 8, 2018

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

август 8, 2018

Категории:

Култура

Хигиеничари на станбен и деловен простор е најбараната професија за вработување. Во бироата за вработување во земјава според нивните податоци се бараат 1.363 хигиеничари.

Меѓу најбараните се и продавачите за кои има објавено огласи за 366 вработувања, шивачите на текстил 220, келнери 193, возачи на такси 192, шивачи 165, општи работници 134, обезбедувачи 120, контролори на шиени и слични производи 99.

Се бараат и 99 програмери, 92 готвачи, 90 магационери, 77 административни службеници, 77 шанкери, 73 касиери, 58 возачи на камиони, 57 бравари, 51 ракувач со машина за пакување, 46 пекари, 44 администратори, 44 ракувачи со машина за печива, 40 работници во висока градба, 38 дистрибутери во малопродажба, 37 градежни работници и 35 помошници кувари.

Слободни работни места според податоците на Бирото за вработување се над 5.000.

ВО СТРУМИЦА ИМА ВКУПНО 105 СЛОБОДНИ РАБОТНИ МЕСТА.