ПО ПОВОД ВЧЕРАШНИТЕ СЛУЧУВАЊА, СТРУМИЧАНЕЦОТ ДАВИД ЗЛАТАНОВ НАПИША ПИСМО ДО ПРОФЕСОРИТЕ ВО СТРУМИЦА!

февруари 8, 2020

Давид Златанов:

“ПРОФЕСОРИ ОСМЕЛЕТЕ СЕ !!!
Професорите низ историјата секогаш се бореле за промени и подобар систем и држава , но каде се тие денес ?
Тие денес се заглавени во својата комфортна зона и се исплашени за своите плати и работно место доколку кренат глас против системот . Ситуацијата на протестот кој го организиравме беше следнава:  Барем 15 професори не поддржаа но се плашеа да се појават на протестот … ЗОШТО !? Никој не знае !

Но трагикомично е тоа што и тие се заглавени во овој образовен систем кој е исцрпувачки и над нашите можности , но тие сепак молчат … ЗОШТО !? Никој не знае !

Самите тие на часовите имаат спомнато дека овој систем е стар и нефункционален и дека треба да се смени , но кога ги повикавме некои од нив не исмејуваа … ЗОШТО !? Никој не знае !

Ова е повик до професорите да се придружат во отпорот на овој систем кој ни ја уби желбата за напредок и ја закопа нашата иднина! Доколку не се свестиме и не се избориме систем кој одговара на нашите можности и ни дава иднина , полека ќе не снема нас младите по белиот свет ,А ВИЕ ЌЕ ОСТАНЕТЕ И БЕЗ ДЕЦА И БЕЗ РАБОТА И БЕЗ ПАРИ !!! ЗОШТО !? ЗАТОА ШТО МОЛЧЕВТЕ , СЕ ПРАВЕВТЕ НЕМИ КОГА ВИ БАРАВМЕ ПОМОШ ! ЗАТОА ДА ЈА ЗАПОЧНЕМЕ БОРБАТА ЗАЕДНО И ДА СЕ ИЗБОРИМЕ ЗА ВАШИТЕ И НАШИТЕ ПОТРЕБИ ЗАЕДНО !!! “🇲🇰
#СлободаЗаПрофесорите ✊
#ДостаБеше ✊
#МладитеБунтуваат ✊
#ПрофесориОсмелетеСе ✊
#СредношколскаРеволуција ✊

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ