ОВИЕ ФАКТИ ЗА СЕЛО КОЛЕШИНО СО СИГУРНОСТ НЕ ГИ ЗНАЕТЕ

август 15, 2019

Сместено во југоисточните падини на Македонија, на само 19 километри од Струмица, се наоѓа селото Колешино. Првата асоцијација за него е жуборењето на живописниот Колешински водопад,  a  помалку познати факти за ова село во склоп на о. Ново Село ќе дознаете во продолжение:

  1. Колешинскиот водопад се наоѓа на реката Баба и е висок 19,5 метри.
  2. Постојат две легенди за името на селото

Според првата селото своето име го добило по Беласичката битка од 1014 година помеѓу силите на Цар Самуил и византискиот цар Василиј II, кога во страшен колеж загинале голем број македонски војници. Во чест на тоа, среде село е поставена табла со легендата за настанокот на името Колешино. Втората легенда е дека името е добиено по овчарот Коле, кој прв се доселил на местото каде денес се наоѓа селото. Имено, луѓето кога поминувале покрај бачилото на Коле викале: „Ова е Колешино“ (бачилото на Коле).

3. Кањонот на реката Баба има долга историја

Според кажувањата на постарите жители на ова место, кањонот на реката Баба е познат по случка од минатото, кога 16 калуѓери соочени со опасноста да бидат фатени од непријателот, ставиле марамчиња на очите и се фрлиле во бездната.

4.  Селото е познато по различните верски ориентации

Селото има цркви на четири различни вероисповеди: православната црква „Св. Спас“ (посетена од 160 семејства); евангелско-методистичка (60 семејства); адвентистичка (15 семејства) и црква на Јеховините сведоци (10 семејства).

5.  Селото може да се пофали со неколку познати личности 

Видое Подгорец (1934 – 1997) е роден во колешино. Во селото се наоѓа основно училиште кое го носи неговото име. Училиштето во 2010 година било реновирано и се создале услови за следење на настава во него. Вилма Трајковска – првата дама на Македонија, сопругата на претседателот Борис Трајковски е исто така со потекло од селото.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ