ОВИЕ ФАКТИ ЗА СЕЛО ДОБРЕЈЦИ СО СИГУРНОСТ НЕ ГИ ЗНАЕТЕ

август 15, 2019

Разделено од Кривата река на Старо и Ново Добрејци, ова село со оддалеченост од само 3 километри од Струмица, заслужено го стекна епитетот приградска населба.

Селото граничи со пет други села – Баница, Василево, Пиперово, Просениково и  Дабиле и низ годините прерасна во значаен занаетчиски центар во општината.

  • За потеклото на името на селото, постојат четири легенди:

-Според првата легенда, местото каде денеска се наоѓа Ново Добрејци се нарекувало Марино село, според неколкуте жени кои се викале Марина. Според легендата, селото било основано од сега напуштена населба помеѓу селата Водоча и Вељуса. Во таа населба постоела селска чешма која населението ја нарекувало Добринска чешма, сметајќи дека водата од неа е благородна.

Добрејчани на селската чешма во 1941 година

-Според втората легенда, селото го добило името подоцна, после преселбата. Во селото се појавиле многу змии, па затоа жиелите на населбата го напуштиле местото и се населиле во месноста на местото на денешно Старо Добрејци. Поради тоа што им се допаднало новото место, населението започнало да го употребува терминот „Овде е добро“.

-Според третата легенда пак, името на селото доаѓа од добрината на луѓето кои живееле во него, а според четвртата, од името на првиот доселеник, Добрин.

  • Значајна личност со потекло од селото е д-р. Илија Велев

Проф. д-р Илија Велев, роден во Добрејци 1959 година. Автор на повеќе од 300 научни трудови и 20-тина монографски книги.Во 2006 година e добитник на најголемата награда за наука во земјата за книгата Византиско-македонските книжевни врски. Покрај со наука, се занимава и со пишување на поетски и прозни дела. Член е и на Друштвото на писателите на Македонија. Иницијатор за прогласување на 2008 – Година на македонскиот јазик.

  • Во близина на селото се наоѓа археолошки локалитет

На 2 км југозападно од селото, на простор кој лежи десно од патот Струмица – Просениково и е познат под името Мешакл’к, се наоѓаат фрагменти од населбинска керамика.

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ