ОПШТИНА СТРУМИЦА И КОМУНАЛЕЦ ПРОДОЛЖУВААТ СО ЧИСТЕЊЕТО НА ДИВИТЕ ДЕПОНИИ!

март 26, 2019

Општина Струмица и Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и за време на овој викенд ја продолжија акцијата за чистење на дивите депонии. Акцијата се одвиваше на дивите депонии во населените места Банско и Муртино од каде беа подигната 520 метри кубни разновиден отпад при што покрај вработените и механизацијата на „Комуналец“ беше вклучена и механизацијата на дел од приватните градежни фирми.
Во минатонеделната акција беа подигнати 1.370 метри кубни отпад од дивите депонии во атарите на населените места Водоча, Добрејци и Просениково.
Паралелно со чистењето на депониите, се работи и на раззеленување на улиците во градот. Вчера на булеварот „Климент Охридски“ на потегот од кружниот тек на кој завршува булеварот „Ленинова“ до кружниот тек кај булеварот „Гоце Делчев“ се засадија висококвалитетни листопадни садници од сортата јавор.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ