ОФИЦИЈАЛНО: ОД УТРЕ МАКЕДОНИЈА ГИ ЗАТВОРА УЧИЛИШТАТА, ГРАДИНКИТЕ И ФАКУЛТЕТИТЕ!

март 10, 2020

Министерот за здравство Венко Филипче заедно со министерот за образование и Владата денеска донесе одлука за затворање на сите основни и средни училишта, детски градинки и факултети во Македонија.

-Да се прекине воспитно образовниот процес и настава во сите детски градинки, основни и средни училишта, на територијата на целата земја во наредните 14 денови. Да се ослободат вработените од работни обврски од овие установи. За еден родител до 10 годишна возраст ќе се дозволи отсуство од работа кое што ќе биде целосно платено во јавните и приватните институции, рече Филипче.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: