strumica denes logo

ОДЛИЧНА ИДЕЈА: УМЕТНОСТА ПОБЛИСКУ ДО ЛУЃЕТО, СЛИКИТЕ НА АЛЕКСАНДАР ФИЛЕВ ГО РАЗУБАВУВААТ РЕСТОРАН „ШАЛОМ“

Автор:

Датум:

октомври 21, 2019

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

октомври 21, 2019

Категории:

Култура

Убаво би било кога повеќето локали и ресторани во Струмица посветат повеќе внимание на уметноста. Токму на тоа се сетија од Ресторан „ШАЛОМ“ откако сликите на струмичкиот уметник Александар Филев беа поставени токму во нивниот ресторан и во наредниот период ќе го разубавуваат нивниот простор. Александар Филев во изјава за портал Струмица Денес вели дека сликарството и уметноста треба со сигурност да бидат поблиску до луѓето. Филев вели дека сликите ќе стојат подолго, а од време на време тие ќе се менуваат се со цел да не бидат истите.