ОД 19 ДО 23 ЈУЛИ ВО ДОЈРАН ВТОРО ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ НА МЕДИТЕРАНСКИОТ И БАЛКАНСКИ ФИЛМ „ПРЕКУ ЕЗЕРОТО“

јули 16, 2023

Фестивалот на медитеранскиот и балканскиот филм “Преку езерото“ова година во Дојран ќе го има своето второ издание. Фестивалот е селекција на најдобрите филмски остварувања во светот на подвижните слики наБалканот и Медитеранот од срцето на Европа и се одржува од 19 ти до 23 Јули на неколку локации во градот Дојран.

ДЕЦА НА БРОДОТ е избор на програма со филмови за деца и млади. Децата и младите знаат што е добро, тие се дел од светот на сликите и зборовите, и го заслужуваат најдоброто. Ова е извонредна можност за деца и родители на исто место, покрај брегот на прекрасното езеро, на детското игралиште во градскиот парк да споделат емоции, слики, зборови и љубов. Пред секоја проекција ќе има мало дидактично шоу за тоа што е филм, како се снима, што е актер, што режисер а што сценарист? Во вториот дел од програмата тинејџерите ќе можат да ја доживеат прекрасната летна романса за љубовта на двајца тинејџери која трае едно цело топло лето. Незаборавно е на големо платно покрај брегот на езерото да се гледа филмот “Летото кога научив да летам“, на српскиот режисерРадивоје Андриќ, автор на серијалот “Молњи“.

21 Јули, Петок

11.00 Мастерклас на Дарко Бајиќ

Мастеркласот е посветен на филозофијата на изборот на темата од страна на режисерот, наспроти тенденциите на наметнати теми и правила.За време на мастеркласот ќе биде прикажан филмот “Името на народот“ Режисер Дарко Бајиќ, 2020 година, Србија. На мастеркласот ќе присуствуваат и студенти по филм и телевизија од ФДУ Белград, за кои е обезбеден престој за сите денови од фестивалот. Ги покануваме сите студенти и средношколци, но и млади филмаџии и уметици од Струмица да пристуствуваат на мастеркласот каде навистина има што да се види, слушне и научи. Ова година ќе ја претставиме српската филмска академија ФДУ со најдоброто од нивното надалеку славно училиште за филмски илузии. Проекциите се на на Амфитератрот, покрај плажа, каде младите филмаџии и младите вљубеници во филмот сосема адекватно за нив ќе ги споделат своите знаења, вештини, експресии, импресии и зрнца љубовен песок.

21 Јули, Петок

ДВИЖЕЊА ВО СЛИКИ

Официјална селекција на филмови

Натпреварувачкиот дел од фестивалот, главното јадење на медитеранската филмска трпеза ќе бидат шест одбрани долгометражни и кусомотеражни играни филмови од Романија, Иран, Србија, Италија, Турција, Романија и Грција, најголемиот дел од нив копродукции со Франција, Хрватска, Бугарија, Шпанија и други балкански и медитерански кинематографии. Сите вкусови и мириси на Балканот и Медитеранот на една маса, за едно и единствено филмско уживање “Преку езерото“.

Програма

20.00 Свечено отворање

20.30 THE SCRIPT by Aleksandra Kardalevska / MACEDONIA / 15

WORLD WAR III by HoumanSeyedi / IRAN 2022 / 117

22.50 MADE OF FLASH by Florence Rochat, Séréna Robin / FRANCE / 15

LOVE ACCORDING TO DALVA by Emmanuelle Nicot / FRANCE 2022 / 83

IMPATIENT PAIN by Marisa Ingold / FRANCE / 17:19

24.30 Крај на програмата

МЕСТО НА СЛУЧУВАЊЕ: Амфитеатар во Стар Дојран

22 Јули, Сабота

ДВИЖЕЊА ВО СЛИКИ

Официјална селекција на фестивалот

20.00 Најава на програмата

20.30 THE ODRINARY ELI by LavinijaSofronievska / MACEDONIA / 16

BROADWAY by Christos Massalas /GREECE/ 97
SEX RELISH (A SOLO ORGASM) by Ananda Safo / FRANCE / 12
22.30 TRAIL OF THE BEAST by NenadPavlovic /SERBIA/ 105
THINGS UNHEARD OF by RamazanKilic / TURKEY / 15
GARDENS PETRIFIED by Ali Cabbar / TURKEY 2022 / 20

24.30 Крај на програмата

МЕСТО НА СЛУЧУВАЊЕ: Амфитеатар во Стар Дојран

23 Јули, Недела

ДВИЖЕЊА ВО СЛИКИ

Официјална селекција на фестивалот

20.00 Претставување на програмата

20.30 A WORLD FREE OF CRISIS by Ted Hardy-Carnac / FRANCE / 26

ZUHAL by NazilElifDurlu / TURKYE / 88

THINGS UNHEARD OF by RamazanKilic / TURKEY

Прогласување на победниците и доделување на наградите

Фокус Србија / Проекција во чест на наградените

ONCE UPON A TIME IN SERBIA by PetarRistovski /SERBIA/ 135

ФОКУС НА ФЕСТИВАЛОТ

Специјалната програма ова година за фокус го има српскиот современ филм и кинематографија. Србија е земјата од каде што почнуваат тенденциите во балканскиот и медитеранскиот филм. Српските филмаџии се храброста во светот на филмот. Филмските слики кој доаѓаат од Дунав, секогаш се влеваат во Црното а одтаму во Средоземното море и стануваат бран кој ги поплавува сите медитерански филмаџии и љубители на филмот. Во ова специјална селекција ќе видиме вкупно три српски нови филмови. Првиот е за деца и млади, вториот за возрасни а третиот за сите балканци и медитеранци, кои ќе уживаат во љубовна драма од минатото.

Да се качиме на бранот, од Дојран и Преку езерото во медитеранот и светот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ