Објавени се денешните податоци од Институтот за јавно здравје и бројот на новорегистрирани пациенти е загрижувачки.
Според објавата на министерот Венко Филипче, денес има 89 нови случаи и 6 починати.
Во последните 24 часа се направени 727 тестирања, а регистрирани се 89 нови случаи на ковид-19.
– Скопје 35
– Куманово 12
– Штип 27
– Прилеп 1
– Тетово 7
– Гостивар 1
– Струмица 1
– Кочани 4
– Свети Николе 1
Во ГОБ „8 септември“ починаа 6 лица, двајца од Скопје на возраст од 83 и 80 години, двајца од Куманово на возраст од 73 и 66 години, еден пациент од Струга на 44 години и еден од Тетово на 65 години.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Тетово, 54 години.
На големо се шират гласините за враќање на полицискиот час во некои од општините, меѓу кои и Штип. Ваквите предлози доаѓаат од Комисијата за заразни болести.