На меѓународниот ден на музеите струмичкиот завод и музеј доби обновена и современа поставка. Со реализацијата на овој проект Струмица, но и поширокиот регион добиваат една од најрепрезентативните и најсовремени поставки во државата. Во неа покрај веќе постоечките се изложени и многу нови предмети и ексклузивни наоди кои беа откриени во последните десетина години со археолошките истражувања на повеќе локалитети во југоистокот од државата.
,, Струмица и струмичко низ изсторијата е вреден проект во кој генерации музејски работници и конзерватори несебично го вложиле своето знаење, својот ентузијазам и посветеност од самото формирање на музејот во 1952 та година до денес.,, рече РОБЕРТ АЛАЃОЗОВСКИ – МИНИСТЕР ЗА КУЛТУРА
Со обновата, постојаната поставка која е насловена Струмица и струмичко низ историјата се добива поголем простор, нови 22 витрини, електрична инфраструктра, нов набљудувачки систем и нови сигурносни аларми.
,, На увид на јавноста се ставени најрепрезентативните и најексклузивните предметиод локалитетите, објектите, настаните со кои располага завод и музеј Струмица.,, рече ВАСИЛКА ГЕОРГИЕВА – ДИРЕКТОР НА ЗАВОД И МУЗЕЈ СТРУМИЦА
Струмичкиот завод и музеј располага со преку 15 000 експонати од различни временски периоди кои поради малиот простор досега не беа изложени. Со проширувањето на поставката голем дел од најексклузивнте експонати кои имаат огромноо културно и историско значење наоѓаат свое место во новите витрини и ќе бидат презентирани пред пошироката јавност.